Connect with us

Фудбал

Чеферин во Скопје на покана на ФФМ

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин денеска пристигна во Скопје по покана на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Ова е покана на претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, а станува збор за приватна посета од страна на првиот човек на УЕФА.

Чеферин и Омерагиќ заеднички ќе го следат и натпреварот од УЕФА Лигата на нациите меѓу Македонија и Словенија. Двајцата функционери имаат и повеќе од обично пријателство.

Инаку, претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ денес слави роденден, а роден е во 1969 година.

Ad
Ad