Connect with us

Скопје

Меџити во Бурса: Албанците во Турција, мост на соработка за ревитализација на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, оствари средба со Шахин Биба, по потекло од Призрен, кој денес раководи со Бурса. Во фокусот на средбата беше ангажманот на истакнати Албанци во Турција и искористувањето на искуството на Бурса за реставрација и ревитализација на Старата скопска чаршија, се вели во соопштението од Општина Чаир, што МИА го објавува интегрално.

За време на средбата се разговараше за можностите за обезбедување стручна експертиза и финансиска поддршка за реализација на проектот. Меџити истакна дека врските на Албанците со нивното место на потекло претставуваат значаен потенцијал за воспоставување конкретни партнерства, претворајќи ги во мостови на соработка за зачувување и развој на историското и културното наследство.

Во таа насока, предвидено е формирање совет за лобирање и поддршка на проектот, во кој ќе бидат вклучени Шахин Биба, заменик-министерот за култура, Реџеп Алтепе, Бајрам Вардар и други јавни личности со потекло од Балканот. Овој ангажман има за цел проширување на институционалната поддршка и обезбедување нови партнери за реализација на проект што ќе го поврзе зачувувањето на историската автентичност на Чаршијата со нејзиниот економски и туристички развој.

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети и Историската чаршија во Бурса, каде што беше пречекан од претставниците на Здружението на Историската чаршија и хановите на Бурса, предводени од претседателот Иса Алтикардеш. Ова здружение претставува околу 4.000 продавници и деловни субјекти, претставувајќи значаен модел на организирање на занаетчиите и трговците.

За време на средбата се разговараше за практиките на Бурса во зачувувањето на културното наследство, организирањето на еснафите и поддршката на економскиот развој во историските подрачја. Меџити го истакна значењето на ова искуство за процесот на ревитализација на Старата скопска чаршија, со цел економскиот развој да се усогласи со зачувувањето на историскиот и културниот идентитет.

Истовремено, беше изразена подготвеност за проширување на соработката меѓу двата збратимени града и на ниво на еснафските здруженија, преку размена на искуства и успешни практики. Оваа соработка има за цел зајакнување на занаетчиската и трговската дејност, како и создавање нови можности за одржлив развој на Старата скопска чаршија.

Ad
Ad