Connect with us

Хроника

Во Валандовско приведено лице кај кое се пронајдени ловечко оружје и муниција

МВР соопшти дека вчера, во село Прстен, Валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.А.(56) од селото.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ad
Ad