Connect with us

Свет

Во Мерцедес-Бенц размислуваат за затворање фабрики во Германија

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ разгледува опции за затворање фабрики во Германија, изјави членката на одборот на компанијата, Брита Зегер.

Зегер во интервју изјави дека „Мерцедес-Бенц“ „е принуден конкретно и детално да размисли кои локации во Германија може да ги задржи“.

„Сите сакаме по секоја цена да избегнеме затворање фабрики“, додаде таа. „За жал, сега мораме да ја разгледаме таа можност поконкретно“.

Таа рече дека целта е заеднички да се осмисли пакет мерки што би имале опипливи ефекти, а во исто време би биле општествено прифатливи.

Сепак, не изгледа веројатно дека наскоро ќе се постигне договор со синдикатите и претставниците на вработените, јави ДПА.

Михаел Шибе, директор на производство во „Мерцедес-Бенц“, изјави дека поради моменталната структура на трошоците не е можно да се инвестира во Германија и дека менаџментот заеднички одлучил да ги суспендира сите понатамошни инвестиции во германските фабрики. 

Ad
Ad