Свет
Анкета: Зголемено водството на АфД пред конзервативците на Мерц
Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) ја одржува својата значајна предност пред конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц, покажува анкетата на јавното мислење на Политбарометар за радиодифузерот ZDF, објави ДПА.
Доколку изборите за Бундестагот (Долниот дом на германскиот парламент) се одржаа денеска, AфД би добила 28 отсто од гласовите, што е за два процентни поени повеќе во споредба со анкетата од минатата недела. Поддршката за блокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Мерц изнесува 22 отсто, што е за еден процентен поен помалку во споредба со претходната анкета.
Поддршката за Социјалдемократската партија (СПД), коалицискиот партнер на ЦДУ/ЦСУ во владата, исто така, опадна за еден процентен поен во изминатата недела, сега изнесува 13 отсто. Зелените се за два процентни поени со поголема доверба и се на третото место во најновата анкета со 15 отсто од гласовите, додека Левица се 10 отсто доверба, што е за еден процентен поен помалку во споредба со претходната недела.
Поддршката што ја добива владејачката коалиција во најновата анкета нема да биде доволна за да формира мнозинство во Бундестагот.
Анкетата е спроведена меѓу 1.297 случајно избрани гласачи кои одговарале на прашањата преку телефон и преку интернет помеѓу 10 и 12 ноември.
ноември 13, 2026


