Ракомет
Ракометниот првак Вардар го продолжи договор со голманот Валах
Во пресрет на дербито од 10.коло од ракометната Супер лига со Алкалоид од ракометниот шампион Вардар објави дека ја продолжуваат соработката со полскиот интернационалец – голманот Милош Валах (24.години).
Полскиот голман нов договор со „црвено-црните“ и ќе биде во редовите на Вардар најмалку до 2028 година. Валах дојде во Скопје од екипата на Киелце и ова е негова втора сезона на голот на Вардар.
Со одличните настапи се наметна како прва опција на голманската позиција, а воедно е дел од репрезентацијата на Полска.
ноември 13, 2026


