Connect with us

Свет

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе и понуди на Партијата на центарот план за влада од десниот центар

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека ќе ѝ претстави на Партијата на ценатрот план за формирање на идна влада на десниот центар, јавија британските медиуми.

Целта е да се привлече поддршка од центристите и да се стави крај на политичкиот ќорсокак по парламентарните избори во септември.

Централно-левичарскиот блок, предводен од лидерката на социјалдемократите Магдалена Андершон, освои тесно мнозинство на изборите, но партиите сè уште не постигнале договор за поделба на власта. Кристерсон се обидува да формира алтернативна влада на десниот центар.

Во услови на актуелен политички ќорсокак, Партијата на центарот, од чија поддршка може да зависи формирањето на новиот кабинет, минатата недела им постави ултиматум на двајцата лидери, барајќи од нив да презентираат планови за управување без да се потпираат на поддршката од крајно-левичарските и крајно-десничарските партии.

Се очекува во наредните денови центристите да одлучат кој од двата политички блока ќе го поддржат.

Ad
Ad