Свет
Песков: Русија сè уште не одлучила дали ќе ѝ дозволи на Европа да учествува во преговорите за Украина
Русија соопшти дека сè уште не дала согласност европските претставници да се приклучат на преговорите посредувани од САД за завршување на војната во Украина, објавија француските медиуми.
Претходно Зеленски објави дека ЕУ ќе учествува во следната рунда мировни преговори по средбата со американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во Даблин.
„Откако ќе разбереме какви се нивните вистински намери и дали се подготвени да придонесат во мировниот процес, ќе можеме да донесеме одлука за организирање разговори во проширен формат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во меѓувреме, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, предупреди дека нема да биде Русија таа што ќе одлучува кој ќе ја претставува Европа во разговорите за завршување на војната во Украина.
„Тие не одлучуваат“, им рече Калас на новинарите по пристигнувањето на самитот во Даблин. „Тие не сакаат силна страна во преговорите против нив, бидејќи сакаат да го истуркаат максимумот од своите барања“.
ноември 13, 2026

