Connect with us

Регион

Двајца пожарникари загинаа при уривање на дел од напуштен објект за време на гаснење пожар во Атина

 При гаснење пожар во напуштен објект во населбата Зефири во северозападниот дел на Атина, паднал дел од внатрешноста на самиот објект со резултат двајца пожарникари да го загубат животот, а еден е пренесен во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот избувна кусо по 11:30 часот, ангажирани беа 20 пожарникари со шест противпожарни возила, а за време на гаснењето дошло до уривање на дел од внатрешната конструкција на објектот, при што тројца пожарникари останале заглавени.

Следуваше акција за нивно пронаоѓање, при што еден повреден пожарникар беше пренесен во болница, а беа извлечени безживотните тела на останатите двајца. 

Ad
Ad