Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс се искачи на третото место во историјата на НБА по асистенции

Кошаркарот на Филаделфија, Леброн Џејмс, го надмина Џејсон Кид и се искачи на третото место во историјата на НБА по асистенции во кариерата.

Четириесет и едногодишниот Американец забележа 11 асистенции синоќа во победата на домашен терен над Индијана од 131:124, со што неговиот вкупен број достигна 12.092. Кид претходно го држеше третото место со 12.091 асистенции.

Џејмс ја направи својата историска асистенција во четвртата четвртина, асистирајќи му на В.Џ. Еџкомб. Четирикратниот шампион на НБА постигна 15 поени, запиша шест скока и додаде 11 асистенции во натпреварот.

Топ 10 асистенти во историјата на НБА-лигата

1. Џон Стоктон – 15.806 асистенции
2. Крис Пол – 12.552
3. Леброн Џејмс – 12.092
4. Џејсон Кид – 12.091
5. Расел Вестбрук – 10.351
6. Стив Неш – 10.335
7. Марк Џексон – 10.334
8. Оскар Робертсон – 9.887
9. Исаија Томас – 9.061
10. Гари Пејтон – 8.966. 

Ad
Ad