Connect with us

Сервисни информации

„Водовод и канализација“ апелира да не се фрла влажни марамчиња, пелени и слично во канализациските шахти

Канализацијата не е место за одлагање отпад, апелираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

– Повторно отпад во канализацијата, последиците ги отстрануваат нашите екипи. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано интервенираат на повеќе локации низ градот, со цел да се обезбеди непречено функционирање на канализациониот систем. Денешната интервенција на улицата Бапчор уште еднаш ги покажа последиците од несовесното одлагање отпад, при што од канализациската мрежа беше отстранет несоодветен отпад што го попречуваше нормалниот проток – информираат од јавното претпријатие.

Воедно апелираат да не се фрлаат влажни марамчиња, пелени, хигиенски производи и друг вид отпад во канализациските шахти. За таа намена, нагласуваат, да се користат корпите за отпадоци.

– Со одговорно однесување придонесуваме за спречување затнувања и дефекти и за заштита на канализациската мрежа – упатија порака од јавното претпријатие. 

Ad
Ad