Свет
Анкета на Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп е 32 отсто
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп е само 32 отсто – близу до најниското ниво во неговиот мандат, додека само 31 процент од Американците поддржуваат војна на САД против Иран, според новата анкета на Ројтерс/Ипсос.
Четиридневната анкета покажа дека рејтингот на Трамп остана непроменет во изминатите четири анкети, откако достигна најниски 31 процент кон средината на октомври.
Според резултатите, падот на популарноста на американскиот претседател оваа година е поврзан, меѓу другото, со војната против Иран, што доведе до нагло зголемување на цените на горивата и стави дополнителен притисок врз личните финансии на граѓаните.
Околу 75 проценти од републиканците имаат позитивно мислење за Трамп, додека 77 проценти имаат позитивно мислење за потпретседателот на САД Џеј Ди Венс. Анкетата на Ројтерс/Ипсос е спроведена онлајн на примерок од 1.521 возрасни лица во САД.
ноември 17, 2026


