Connect with us

Кошарка

Лидерот Работнички триумфираше во дербито на теренот на шампионот во СЦ „Јане Сандански“

Со вечното македонско кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродроми Работнички е заокружено е седмото коло во машката Супер Лига.

Дербито во „Јане Сандански“ им припадна на кошаркарите на Работнички кои го добија вечниот ривал МЗТ со 60-74.

Гостите од Градски парк подобро го отворија натпреварот и постојано имаа предност.

Најголемото водство на гостите изнесуваше осум поени при резултат 8:16. Аеродромци во самиот финиш на првиот квартал успеа да се доближат на негатива од само еден поен (16:17).

Шампионот ја отвори втората четвртина со серија од десет неодговорени поени. Веќе во следниот напад МЗТ Скопје имаше најголема предност од плус десет (29:19). Сепак, кошаркарите на Работнички успеа во финишот на првото полувреме да намалат на три негатива и на пауза да заминат со резултат 38:35.

Во второто полувреме, црвените од Градски парк, стартуваа фантастично. Направија серија од 4-17 и во 26.минута и за прв пат дојдоа до двоцифрена предност (42-52). Работнички на истекот на третиот период и стартот на четвртиот, дојде до +12 (44-56 и 46-58).

Иако шампионот се обидуваше да го надополни тоа, сепак МЗТ не успеа, напротив. Гостите ја одржуваа па и зголемија на крајот разликата и славеа со конечни +14 (60-74).

Виктор Ефремовски со 17 поени беше прв стрелец кај победничката екипа. Тој доби голема помош од Американецот, Џексон Елингсворт кој заврши со дабл-дабл со 14 поени и 10 сокови и Роберт Рикиќ кој на 12 поени додаде 9 скока. Двоцифрени кај МЗТ беа само репрезентативците Адем Мекиќ со 14 и Војдан Стојановски со 10 поени.

Работнички остана перфектен со седум победи на исто толку одиграни натпревари и е сам на врвот на табелата, а МЗТ мораше да се помири со вториот сезонски пораз.

Ad
Ad