Регион
Српското МО потврди дека загинал пилот откако се урнал МиГ 29
Авион МиГ 29 на српската армија од 204-та воздухопловна бригада се урна утрово околу 08:45 часот во близина на Стара Пазова. Пилотот на авионот, мајор Горан Булајиќ, загина во несреќата, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Како што додаваат, на местото на настанот пристигнала воена полиција и бил известен надлежниот обвинител.
Мајор Горан Булајиќ бил роден на 25 март 1973 година во Белград. Тој е во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца.
Формирана е комисија за истрага на вонредниот настан, која има задача да ги утврди околностите на вонредниот настан и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертска комисија на воздухопловните сили која треба да ги утврди причините за авионската несреќа, соопшти МО на Србија.
ноември 17, 2026


