Хроника
Радовишките пожарникари спречиле голема катастрофа во центарот на градот
Радовишките пожарникари синоќа спречиле голема кастатрофа во центарот на градот откако избувнал пожар во шупа во која имало огревно дрво, а пожарот се заканувал бргу да се прошири и да зафтати повеќе објекти, соопштија од ТППЕ Радовиш.
Имено, синоќа во 19:10 часот пожарникарите добиле повик за гаснење на запален објект во центарот на градот, каде била запалена шуша и огревно дрво, веднаш позади станбена зграда во центарот на Радовиш.
-За неколку минути на терен излегоа две противпожарни возила и пет пожарникари, а беа мобилизирани уште неколку пожарникари да бидат во приправност, се наведува во соопштението на радовишките пожарникари.
Со брза и пожртвувана интервенција пожарникарите влегле преку тесниот влез на куката во задниот дел кој што бил запален и успешно го изгаснале пожарот.
ноември 17, 2026


