Регион
Грчката „Евробанк“ купува 65 проценти од акциите на бугарската Прва инвестициска банка
Грчката банка Евробанк (Eurobank) објави дека постигнала договор за стекнување 65 проценти од акциите во бугарската Прва инвестициска банка (Fibank), со што се создава најголемата банка во Бугарија според средствата и депозитите, соопшти грчката банкарска групација.
Зделката е околу милијарда евра, при што Евробанк плаќа приближно 650 милиони евра за 65 проценти од акциите.
Евробанк соопшти дека планира да започне задолжителна понуда за преостанатите акции по затворањето на договорот. Бугарската банка за развој (БДБ), која поседува околу 18 проценти од Прва инвестициска банка, се обврза да го понуди својот удел, се вели во соопштението.
Се очекува трансакцијата да ја зголеми нето добивката на Евробанк за околу 12 проценти и заработката по акција за околу 7 проценти по целосна реализација.
Еуробанк соопшти дека ќе ја задржи својата цел за исплата на дивиденда од 55 проценти и покрај аквизицијата.
ноември 18, 2026


