Connect with us

Економија

Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември, ќе учествува на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Варшава, Полска.

Настанот, организиран во соработка со Атлантскиот совет, претставува значајна платформа за дијалог и размена на искуства меѓу високи владини претставници, меѓународни институции и претставници на енергетскиот сектор од Европа и САД, меѓу кои американскиот секретар за енергетика – Крис Рајт, премиерот на Полска – Доналд Туск и полскиот министер за енергетика – Милош Мотика, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката Божиновска ќе учествува како панелист на сесијата посветена на зајакнувањето на европската енергетска безбедност, отпорноста на критичната инфраструктура и диверзификацијата на снабдувањето со енергија.

Форумот претставува значајна платформа за размена на ставови и искуства, унапредување на енергетската соработка и отворање можности за нови партнерства меѓу Европа и САД.

Ad
Ad