Фудбал
Ковачиќ го напушта Манчестер Сити
Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ е можно да го напушти Манчестер Сити и тоа во зимскиот преоден рок, иако неговиот договор му истекува на крајот од сезоната. 32-годишниот фудбалер има се помала минутажа во клубот за кој настапува од 2023 година, кога дојде од Челзи за 29,1 милиони фунти.
Во дресот на Манчестер Сити има одиграно 105 натпревар, но сега има се помалку натпревари особено што летово на „Етихад“ пристигнаа: Енцо Фернандез и Елиот Андерсон. За разлика од клубот Ковачиќ ги одигра двата натпревара за Хрватска, против Англија и Чешка.
Како најзаинтересиран клуб за Ковачиќ во моментов се споменува Фенербахче.
ноември 18, 2026


