Connect with us

Забава

Полетување на авион во САД накратко запрено откако мачка избега од својот кафез

Лет на „Делта ерлајнс“ (Delta Air Lines) од Бостон кон Тампа, Флорида, САД, беше накратко запрен на пистата откако мачката на еден патник избега од својот кафез и почна да се движи низ кабината на авионот.

Неочекуваниот настан се случил на Меѓународниот аеродром „Логан“ во Бостон, додека авионот се подготвувал за полетување, објави „Фокс њуз“ (Fox News).

Пилотот побарал од контролата на летање да го запре авионот поради проблем во кабината, објаснувајќи дека мачка „слободно шета“ меѓу патниците.

Ad
Ad