Connect with us

Општини

Светскиот ден на планината ќе се одбележи на Кожуф

Светскиот ден на планината ќе се одбележи на Кожуф, а организатори на настанот се Планинарски спортски клуб „Орле“ што постои 65 години, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) и Општина Кавадарци. Како што информираат од „Орле“, планинарењето ќе се реализира на 6 декември, а привршуваат активностите околу реализацијата на големиот настан на кој се очекуваат планинари и љубители на природата од земјава и странство. 

– Почетокот на планинарењето е предвиден во 9 часот од месноста Мушов гроб. До таму има организиран превоз од градот Кавадарци, во 8 часот. Организираниот превоз ги остава учесниците на Мушов гроб, а ги зема од Михајлово. Планинарската патека е во еден правец, се оди од Мушов гроб кон месноста Смрдла, до одморалиштето Михајлово и не е кружна – појаснуваат од „Орле“. 

Подготовките привршуваат.

– Посветено се работеше на чистење и маркирање на планинарската патека. Чекор по чекор, патеката го доби својот конечен изглед, а подготовките за одбележувањето на Светскиот ден на планината се при крај. Со многу труд, ентузијазам и љубов кон планината се подготвуваме да ги пречекаме сите, на една убава заедничка планинарска приказна. Се гледаме на Кожуф – велат од планинарскиот спортски клуб.

Ad
Ad