Connect with us

Свет

Германија, Италија, Полска и Шведска ѝ се придружуваат на Франција во формирањето Меѓународен центар за вештачка интелигенција во одбраната

Германија, Италија, Полска и Шведска ѝ се приклучуваат на Франција во формирањето Меѓународен центар за примена на вештачката интелигенција во одбраната – соопшти денеска Министерство за одбрана во Париз.

„Германија, Италија, Полска и Шведска официјално ја објавија својата намера да се приклучат кон Меѓународниот центар за вештачка интелигенција во одбраната (ИКАИД), за време на првата конференција за негово основање, одржана во Рен на 19 и 20 ноември“ – се наведува во соопштението на Министерството.

Министерството потврди дека иницијативата и натаму е отворена за други „земји со слични ставови“. „Со формирањето на ИКАИД, Франција и нејзините партнери имаат цел да ја забрзаат подготвеноста за примена на вештачката интелигенција во поддршка на воените операции“ – се додава во соопштението.

Центарот има цел да изгради „меѓународна заедница со заеднички интереси“, која ќе овозможи размена на најдобрите практики, предвидување на технолошкиот напредок и користење на искуствата од оперативната примена, со цел решенијата засновани на вештачка интелигенција што поблиску да одговараат на практичните потреби, се додава во соопштението.

„Следниот чекор ќе биде соработка со земјите учеснички на изготвувањето на основачките документи на центарот, со цел тој да достигне целосна оперативна подготвеност во текот на 2027 година“, соопшти Министерството. 

Ad
Ad