Регион
Миниќ: Игор Додик е мандатар за состав на новата влада на Република Српска
Претседателот на Република Српска, Саво Миниќ изјави денеска дека Игор Додик, организациски секретар на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), е мандатар за состав на новата влада на Република Српска.
Миниќ на прес-конференцијата рече дека новата влада ќе биде формирана многу брзо, пренесува РТРС.
Тој претходно, на одделни состаноци, одржа консултации со претставниците на партиите од владејачката коалиција.
ноември 23, 2026


