Свет
Поранешната британска премиерка Меј го повика Барнам да ја „прифати“ одлуката за Брегзит
Поранешната британска премиерка Тереза Меј изјави за Би-Би-Си дека е „запрепастена“ од веста дека нејзиниот наследник, Енди Барнам, размислува за враќање на Обединетото Кралство во Европската Унија и, го повика да го „прифати“ Брегзит.
Конзервативката Тереза Меј, која ја водеше земјата од 2016 до 2019 година, го објави ова по самитот одржан во петокот во Брисел, каде што претставниците на ЕУ и Обединетото Кралство склучија неколку договори, поздравувајќи ја „пресвртницата“ во нивниот однос, десет години по референдумот за Брекзит.
Енди Барнам, кој дојде на власт во јули, оцени дека враќањето на Велика Британија во ЕУ е една од можните опции за новиот однос што сака да го воспостави со континентот.
„Брегзит е завршен. Едноставно мора да го прифатиме и да продолжиме понатаму“, изјави Тереза Меј за Би-Би-Си.
Во 2016 година, 52 проценти од Британците гласаа за напуштање на ЕУ. Анкетите сега покажуваат дека повеќето од нив поддржуваат поблиски врски со Брисел.
Пред да стане премиерка, Тереза Меј се залагаше Обединетото Кралство да остане во Европската Унија.
ноември 23, 2026


