Connect with us

Сцена

Хулио Иглесијас обвинет за сексуално насилство

По пријава од две негови поранешни вработени, Националниот суд на Шпанија ја прифати тужбата против познатиот шпански пејач Хулио Иглесијас поради наводно нанесување телесни повреди и понижувачко однесување.

По ова, судијата Антонио Пиња започнал истрага против пејачот, наредувајќи лично да се појави пред судот на трети февруари. Според него, Националниот суд е должен да постапува според тужбата.

Минатиот месец, Националниот суд и Шпанското обвинителство донесуваат одлука повторно да се почне истрага, откако во јануари постапката била сопрена од Обвинитерлството со образложение дека не се надлежни за случајот.

Случајот бил пријавен на почеток на година со поддршка од организацијата „Вуменс Линк Ворлдвајд“ по што веднаш била започната кривична истрага.

– Меѓу приложените докази беше и фотографија од една од поранешните вработени, на која се забележува модринка на раката која би можела да биде последица од силно стискање. Исто така, на фотографијата се видливи и две траги на бутот кои наликуваат на траги од човечки каснувања, изјавил Пиња.

„Повредите настанаа за време на сексуалниот чин на кој бев принудена“, се наведува во тужбата.

Ad
Ad