Хроника
Евакуирани сите посетители: Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на трговскиот центар КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што биле евакуирани сите посетители на објектот.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, се работи за пожар на патничко возило.
На местото на настанот се присутни полициски екипи и пожарникари кои интервенираат.
ноември 19, 2026


