Фудбал
ЛН: Белорусија, Кипар, Фарски Острови и Естонија можни противници на македонските фудбалери
Македонската фудбалска репрезентација идниот март ќе игра плејоф за опстанок во Б дивизијата на Лигата на нации (ЛН), а со завршувањето на последното шесто коло, избраниците на Гоце Седлоски ги дознаа и своите потенцијални противници.
Ждрепката е закажана за в петок во седиштето на УЕФА во Нион, кога ќе се одлучи која од четирите второпласирани репрезентации во дивизија Ц, Естонија, Белорусија, Естонија и Фарските Острови, ќе биде противник на репрезентацијата на Македонија.
Македонија ќе биде носител во ждрепката и ќе го игра реваншот дома.
Првиот плејоф натпревар е закажан за периодот од 23 до 25 март, а реваншот за 28-30 март.



