Connect with us

Општини

Пaнел дискусија за поддршка на семесјтвото – кој стои зад оние што се грижат за децата

Вчера вечер, во организација на Ресурсниот центар Карпош, се одржа панел-дискусија посветена на едно исклучително важно прашање: поддршката на семејствата и улогата на институциите и заедницата во тој процес.

Преку различните стручни перспективи и лични искуства на панелистите, разговаравме за поддршката што им е потребна на семејствата, одговорноста на институциите, улогата на заедницата и неопходноста од функционален и поврзан систем на поддршка.

Кога зборуваме за благосостојбата и развојот на децата, не смееме да го заборавиме семејството кое стои зад нив. Потребно е да ги препознаеме неговите потреби, предизвици и потенцијали, но и да обезбедиме навремена, достапна и континуирана поддршка.

Оваа дискусија испрати јасна порака: семејствата не треба сами да се справуваат со предизвиците. Зад нив треба да стојат институциите, стручните служби и целата заедница.

Општина Карпош останува посветена на создавање инклузивна и поддржувачка заедница во која секое дете и секое семејство ќе бидат видени, слушнати и поддржани.

Ad
Ad