Connect with us

Култура

Повик за учесници на дводневен тренинг за филмски маркетинг на „Синедејс“ 2026

Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во соработка со париската маркетинг агенција „Лаки тајм“ (Luckytime), го објавува повикот за учесници на дводневниот тренинг за филмски маркетинг, кој ќе се одржи на 4 и 5 декември во Младинскиот културен центар во Скопје.

Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на филмот, комуникациите и маркетингот, како и за сите љубители на визуелни приказни кои сакаат да научат како се создава ефективна и препознатлива промотивна кампања.

Првиот ден, 4 декември, започнува со тоа како се гради дигитална стратегија и како една кампања, потоа следува практична работа со податоци – обука за рекламирање на социјалните мрежи и како се мери успехот преку клучните показатели за успешност. Денот завршува со практични вежби. 

Вториот ден, 5 декември, е резервиран за филмска проекција и работилница поврзана со филмот. Учесниците, работејќи во тимови, ќе развијат соодветна дигитална стратегија што ги поврзува содржината и податоците, а потоа ги презентираат своите решенија пред групата и добиваат конструктивни коментари од предавачите.

Секој ден од тренингот трае неколку часа, со предвидени паузи и многу простор за креативност.

Пријавувањето е со пополнување на апликацијата достапна на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeBaMwPJZ0K7EDyto87ab9sK0y0KmjtaHTRjmx98qDRjqzWSg/viewform?usp=sharing&ouid=115651449961131434598

Крајниот рок за пријавување е 28 ноември 2026 година.

Бројот на учесници е ограничен, а избраните кандидати ќе добијат известување по е-пошта најдоцна до 30 ноември 2026 година.

Агенцијата Luckytime, со седиште во Париз, е специјализирана за дигитален маркетинг за кино и аудиовизуелната индустрија, со клиенти меѓу кои се CNC, AFCAE, StudioCanal, MK2, Pyramide и Jour2Fête. Годинава тренингот ќе го водат двајца предавачи од агенцијата.

Тренингот е организиран со финансиска поддршка од програмата „European film festival support“ на Европската унија, под имплементација на Cineuropa.org, Institut français и Goethe-Institut. Целта на програмата е да го поддржи развојот и да го подобри квалитетот на европските филмски фестивали што се организираат во различни земји ширум светот.

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ по 25. пат ќе се одржи во МКЦ, во периодот од 2 до 7 декември 2026 година.

Ad
Ad