Connect with us

Свет

Шведски градоначалник доби отказ откако било откриено дека снимал филмови за возрасни

Педесет и петгодишниот Ларс Ериксон, градоначалник на Јокмок, Шведска, добил отказ од работа откако во јавноста се појавиле докази дека снимал порно филмови пред да биде на функција.

Ериксон е на чело од февруари 2024 година. Неговото минато ја заинтересира јавноста откако бил идентификуван во два филма за возрасни објавени минатата година и во октомври годинава.

– Снимките се направени пред да станам градоначалник. Користејќи го името Ханс, со филмската индустрија за возрасни последен пат соработував во 2022 година – изјави Ериксон.

По само една недела градоначалникот бил вратен на работа, откако на 19 октомври добил отказ. По враќањето му биле одземени надлежностите поврзани со управување со вработените, финансиите и буџетот.

Но, според новата одлука донесена во средина на ноември, Ериксон ќе биде сменет, по што ќе добие компензација во висина на седум месечни плати.

– По донесената одлука, градоначалникот ќе биде отстранет од функција поради безбедносни причини. Според нас, неговото минато би можело да претставува потенцијална безбедносна ранливост и можност за уцена, особено имајќи го предвид стратешкото значење на областа – се наведува во одлуката на Советот.

Ериксон, ги отфрла обвинувањата, нагласувајќи дека станува збор за легална активност со која одамна престанал да се занимава.

Пред да стане градоначалник, Ларс Ериксон бил пратеник на Социјалдемократската партија.

Ad
Ad