Свет
Ушаков: Украина беше главна тема на средбата Трамп – Путин
Војната во Украина беше главна тема на средбата помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави Јуриј Ушаков.
– Може да се каже дека Украина беше главна тема, истакна помошникот на Путин, додавајќи оти рускиот претседател по средбата бил „одлично расположен“.
Трамп на почетокот на средбата го нарекол Путин „мој пријател“ и го пофали нивниот „одличен однос“.
– Имаме прекрасен однос веќе многу години. Се познаваме долго време и мислам дека од ова можат да произлезат многу прекрасни работи или барем да бидат почеток. Всушност, верувам дека навистина ќе произлезат од ова, истакна Трамп.
Руската новинска агенција РИА Новости јави дека Путин му се заблагодарил на Трамп на англиски јазик.
Двајцата лидери разговараа на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенџен, а нивната средба траеше помалку од еден час.
ноември 19, 2026


