Свет
НАТО ќе ја поддржи Полска во зајакнувањето на безбедноста на нејзината источна граница по упадот со руски дронови
Полска ќе добие силна поддршка од сојузниците на НАТО за зајакнување на безбедноста на својата источна граница, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш, еден ден откако неколку руски ракети и беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор.
Косињак-Камиш објави дека Северноатлантскиот совет утре во Брисел ќе разговара за инцидентот, како и за предлозите за подобрување на заштитата на источната граница на Полска.
„Во блиска иднина ќе добиеме силна поддршка од сојузниците на НАТО за зајакнување на заштитата на нашата источна граница“, напиша полскиот министер на социјалната мрежа
ноември 23, 2026

