Фудбал
Инфантино доби поддршка од Африка за нов мандат
Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ), Патрис Мотсепе, ја повтори денеска поддршката на Џани Инфантино за реизбор за претседателското место во ФИФА, откако првиот човек на светскиот фудбал потврди значително зголемување на финансиската поддршка за секоја од своите членки.
Обраќајќи се на редовното генерално собрание на организацијата во нигерискиот град Абуџа, Мотсепе рече дека ЦАФ го поддржува Инфантино за уште еден мандат, и покрај предизвиците од претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и почесниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Козо Ташима.
„Во текот на изминатите пет години (колку што сум на чело на ЦАФ), бев сведок на неговата длабока посветеност. Џани, ја имаш нашата поддршка – поддршката од 54. членки на ЦАФ“, порача Мотсепе.
Инфантино рече дека како претседател на ФИФА, ќе продолжи да го става развојот на фудбалот во Африка во срцето на својата агенда.
„Во мене и во ФИФА, секогаш ќе имате сигурен партнер, сигурен брат, за да обезбедиме дека соништата што заедно ги споделуваме, соништата на децата во Абуџа, Кејптаун, Каиро, ширум Африка, ќе станат реалност“, рече во обраќањето Инфантино.
Ден претходно, Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ, исто така, ја повтори во петокот својата поддршка за нова мандат на Инфантино.
ноември 22, 2026


