Политика
ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за кампањата против насилство врз жените
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.
Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР.
Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично.
Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци.
Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени.
Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените.
ноември 23, 2026


