Connect with us

Ракомет

Охрид со две победи избори осминафиналето во Европскиот куп на ЕХФ

Бранителот на трофејот во ЕХФ Европскиот куп, тимот на Охрид, се пласира во осминафиналето. Македонскиот тим во 1/16 финалето забележа две победи над Драгунас Клаипеда од Литванија.

По договор на двете екипи, двете средби се играа во „Билјанини извори“ во Охрид. 

Охриѓани вечерва победија со 32:25, а вчера на првиот меч беа поубедливи славејќи со 30:19.

Вечер настапува и Алкалоид, на домашен терен игра со словенечкиот претставник Горење. 

Ad
Ad