Сервисни информации
Минусни температури утре и задутре, за викендот снег
Во вторник и во среда утрата ќе бидат постудени со негативни температури. Минималните утрински температури утре ќе се спуштат до -5, а во среда до -8 степени, информира УХМР.
Од среда кон крајот на денот следува период напретежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови (над 30 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.
ноември 23, 2026

