Регион
Во Србија активиран системот „Пронајди ме“ откако исчезна 14-годишно девојче во Обреновац
Српското Министерство за внатрешни работи го активираше системот „Пронајди ме“ и упати итен апел до јавноста во врска со исчезнувањето на 14-годишната Божица Ајети во Обреновац.
Според податоците објавени од МВР на Србија, на 23 ноември, околу 11 часот, девојчето го напуштило основното училиште „Јован Јовановиќ Змај“ во Обреновац во непознат правец, а нејзиното исчезнување било пријавено истиот ден.
Министерството за внатрешни работи објави детален опис на исчезнатото девојче и информации за околностите на нејзиното исчезнување преку системот „Пронајди ме“, со цел да се вклучат што е можно повеќе граѓани во потрагата.
ноември 25, 2026

