Connect with us

Економија

Комисијата за финансирање и буџет ги разгледува амандманите по предлог-буџетот за 2027

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи амандманската расправа по предлог-буџетот за 2027 година. 

Беа разгледани и одбиени седум амандмани од опозицијата со кои се бараа финансиски средства за инфраструктурни проекти во општините. 

Со амандманите се бараа средства за реконструкции на улицата „50 Дивизија“ во општина Центар и улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров, како и средства за реконструкција на патната инфраструктура до туристичката атракција Равна Река во Пехчево. 

Опозицијата бараше и средства за изградба на три крстосници на булеварот „Македонија“ во Делчево, за сообраќајно решение во центарот на Вевчани и средства за реконструкција на регионалниот пат од селото Негорци до селото Прдејци. 

Комисијата продолжува со разгледување на останатите амандмани.

Ad
Ad