Connect with us

Останати спортови

Скијање: Саразин по двегодишна пауза се враќа на патеките

По речиси двегодишна пауза, Французинот Сиприен Саразин претстојниот викенд треба да се врати на трките од Светскиот куп во алпско скијање.

Победник на пет трки во Светскиот куп, 32-годишниот Саразин претрпе сериозна повреда кога падна на спустот во Бормио на 30 декември 2024 година. Во меѓувреме, францускиот скијач мораше да биде подложен на операција за отстранување на згрутчување на крвта од мозокот, но исто така претрпе повреди на коленото и стапалото.

Повредите дојдоа откако Саразин ја заврши својата најдобра сезона во кариерата во 2023/24 година, кога забележа четири победи, од кои две во Кицбил, една во Венген и една во Бормио.

Саразин се врати на тренинзите изминатата пролет, а неговото враќање на патеката е предвидено за в сабота во супервелеслаломот во Купер Маунтајн. 

Ad
Ad