Свет
ЕУ планира да вложи до 50 милијарди евра во нов технолошки фонд за намалување на зависноста од САД и Кина
Европската Унија планира да вложи до 50 милијарди евра во нов технолошки фонд, со цел да ја намали зависноста од американската и кинеската технологија, објави денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на двајца претставници вклучени во разговорите.
Според предлогот, фондот под назив „Фонд за суверен технолошки капитал“ (Sovereign Tech Equity Fund) би овозможил поголеми, поризични и долгорочни инвестиции во споредба со постојните програми за финансирање на ЕУ.
Главните инвестиции би биле насочени кон компании што се занимаваат со вештачка интелигенција и квантно пресметување, наведува весникот.
ноември 25, 2026


