Connect with us

Свет

ЦИА била цел на хакерски напад

ЦИА и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање беа цел на хакерски напад што влијаеше врз некласифицирани информации, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори.

Според еден од изворите, нападот погодил систем што американските разузнавачки агенции го користат за анализа на податоци од отворен извор. Тоа се информации што се јавно достапни, но се собираат и обработуваат за проценки на разузнавањето и следење на безбедносните закани.

Се уште не е познато колку е обемно нарушувањето на безбедноста, ниту колку податоци биле изложени или потенцијално компромитирани. Сепак, изворите велат дека класифицираните информации не биле цел на успешниот пристап.

Службеник од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, институцијата што ја надгледува работата на 17 американски разузнавачки агенции, вклучувајќи ја и ЦИА, изјави дека немало нарушување на работењето на критичните оперативни капацитети или класифицираните системи.

Ad
Ad