Свет
Пакистанец стана првиот странец што полета кон кинеската вселенска станица
Пакистански астронаут влезе во историјата станувајќи првиот странски државјанин кој летал до кинеската вселенска станица Tiangong.
Четириесетгодишниот Мухамед Зишан Али полета во средата утрото со вселенскиот брод „Shenzhou-24 заедно со двајца кинески астронаути. Вселенскиот брод беше лансиран во орбитата од вселенскиот центар Џиукван во северозападна Кина со ракетата „Chángzhēng-2F“ (Чангженг – Долг марш).
Кинеската национална вселенска агенција наскоро потврди дека лансирањето било успешно, објави државната телевизија.
Историскиот лет е дел од редовната шестмесечна ротација на екипажот на станицата. Се очекува Али да помине неколку дена на Tiangong, што претставува уште еден важен чекор во блиските врски меѓу Кина и Пакистан.
„Заедно со моите кинески колеги, ќе покажам дека ова пријателство е вистинско“, рече 40-годишниот пакистански пилот на воздухопловните сили на прес-конференција пред лансирањето.
Али ќе спроведува експерименти на станицата како научен специјалист за товар. Ќе му се придружат инженерот на летот Ву Ји, исто така на неговиот прв вселенски лет, и ветеранот астронаут Танг Хонгбо кој е на своето трето патување во вселенската станица.
Додека Али ќе се врати на Земјата по неколку дена, астронаутот Жу Јангжу, кој веќе е на станицата, ќе го продолжи својот престој за уште шест месеци, станувајќи првиот кинески астронаут кој ќе мине цела година во вселената континуирано. Се очекува продолжената мисија да им помогне на истражувачите подобро да ги разберат ефектите од долгорочното вселенско патување врз човечкото тело.
Се очекува Али да се врати на Земјата со вселенското летало „Shenzhou-23“, заедно со астронаутите Жанг Жијуан и Лаи Ка-јинг од Хонгконг. Останатите членови на екипажот ќе поминат околу шест месеци на станицата, за време на кои ќе извршуваат работи за одржување и ќе спроведат приближно 90 експерименти, вклучувајќи истражување за можноста за спречување на стареењето на крвните садови во вселената и истражување на вселенската технологија, материјали и физика.
ноември 25, 2026

