Connect with us

Свет

Десетици работници заглавени во нелегален рудник за злато во Индонезија

Индонезиските спасувачки екипи денеска трагаат по десетици работници блокирани во нелегален рудник за злато во провинцијата Западна Јава, соопшти Националната агенција за пребарување и спасување. Локални медиуми соопштуваат дека во рудникот се заробени 30 работници.

Рударите се заглавени на длабочина од сто метри, последица на обилните дождови што од понеделникот ја зафатија областа. Рудникот се наоѓа во Богор, планинска област на околу 60 километри јужно од главниот град Џакарта.

Државната рударска компанија „Антам“ (Antam) соопшти дека станува збор за нелегален рудник за злато што не е дел од нејзините активности.

Малите рударски активности што се одвиваат нелегално, често предизвикуваат несреќи во Индонезија

Ad
Ad