Connect with us

Свет

„Скај њуз“: Доналд Трамп подготвува зголемување на царините за 16 големи економии

САД би можеле да објават во следните денови нови царини за увоз од Кина, Европската Унија и 14 други економии,  јави Скај њуз. Точниот износ на царинските давачки, производите на кои тие би се применувале и датумот на нивното стапување во сила се уште не се познати.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR) треба да ги објави резултатите од едномесечната анализа за вишокот индустриски капацитет и производство во тие економии. Администрацијата на Доналд Трамп тврди дека прекумерното производство, потпомогнато од владини субвенции, создава вишок евтина стока што ги поткопува американските компании.

Истрагата е започната согласно член 301 од Законот за трговија на САД од 1974 година, што дозволува воведување тарифи како одговор на дејствија од други економии за кои САД сметаат дека им штетат на американските компании или трговија.

На листата се Кина, Европската Унија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Виетнам, Тајван, Тајланд, Малезија, Индонезија, Швајцарија, Норвешка, Сингапур, Бангладеш и Камбоџа. Европската Унија се смета за една економија.

Не е јасно дали новите царини ќе ги погодат сите 16 економии подеднакво. Според извори запознаени со плановите, стапките би можеле да варираат од земја до земја, а Мексико и Норвешка можеби нема веднаш да бидат опфатени со новите давачки.

Ad
Ad