Свет
Шестмина загинати, меѓу нив и две деца, во пад на авион во Мексиканскиот Залив
Шест лица, од кои две деца, загинаа во авионска несреќа во близина на јужниот брег на САД, во сојузната држава Мисисипи.
Телата на загинатите ги извлекле нуркачи на Американската крајбрежна стража, откако авионот „Цесна 210“ се урнал во Мексиканскиот Залив, меѓу градот Паскагула во Мисисипи и островот Хорн, што се наоѓа на околу 12 километри од брегот.
Во леталото имало четворица возрасни и две момчиња на возраст од осум и десет години, изјави портпаролот на Стражата, Хуан Рос.
Рос додаде дека спасувачките екипи со часови ги барале патниците и пилотот на урнатиот авион. Според него, првично биле пронајдени само три спасувачки елеци, сплав за спасување и кабината на авионот, кои пловеле во водата.
Според податоците на онлајн платформата за следење летови во реално време „ФлајтАвеар“ (FlightAware), авионот летал од Њу Орлеанс во сојузната држава Луизијана, кон Форт Мајерс во Флорида.
ноември 25, 2026

