Регион
Градот Белград повторно обезбедува новогодишни ваучери за сите деца до 19 години
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ објави дека оваа година градот ќе додели новогодишни ваучери на училишта и градинки за сите белградски деца до 19 години. За таа намена се обезбедени вкупно 380.000 ваучери во вредност од 10.000 динари. Таа практика е веќе петта година по ред. Ваучерите ќе се доставуваат од утре.
Право на ваучери имаат децата до 19 години, имено оние кои посетуваат приватни и државни предучилишни установи (јасли, градинка и подготвителна предучилишна програма), учениците од приватните и државните основни и средни училишта на територијата на Белград, како и вработените во приватните и државните предучилишни установи, основните и средните училишта.
Право на новогодишни ваучери имаат и децата кои се уште не посетуваат градинки и училишта, под услов еден од родителите или старателите да има живеалиште или постојано живеалиште на територијата на градот Белград.
Ваучерите можат да се користат во периодот од 1 декември 2026 година до 15 март 2027 година, во повеќе од 130 продавници на територијата на сите 17 градски општини. Ваучерите можат да се користат и за онлајн купување.



