Connect with us

Регион

Србија: На Драган Вучиќевиќ му е одредено полициско задржување

По налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Полициска станица Вождовац, донесено е решение за задржување на Драган Ј. Вучиќевиќ поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и нереди во продолжено траење и кривично дело попречување на правдата.

Како што соопшти Второто основно јавно обвинителство, осомничениот Драган Ј. Вучиќевиќ со кривична пријава утре ќе биде изведен на сослушување пред јавен обвинител во Второто основно јавно обвинителство во Белград.

Според наводите на порталот „Информер“, чиј сопственик и главен уредник е Вучиќевиќ, тој денеска бил приведен откако на 50 метри од зградата во која работи го пресретнале полицајци, по што со нивно возило бил префрлен во полициската станица Вождовац.

Адвокатот на Вучичевиќ Борис Богдановиќ, за „Информер“ изјави дека тој „е добро и не изгубил ништо од својата елоквенција и морал“.

– Добив решение за задржување до 48 часа. Како адвокат, не видов ништо конкретно во решението што би го оправдало неговото лишување од слобода. Сè друго ќе дознаеме кога ќе се одржи рочиштето – рече адвокатот.

Ad
Ad