Connect with us

Свет

Трамп: Војната на САД против Иран е финансирана до јануари, кога демократите го преземаат Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е обезбедено финансирање на војната против Иран до јануари, навестувајќи дека секоја воена акција би морала да биде спроведена пред тој рок, бидејќи во спротивно би можела да биде ограничена поради тоа што демократите тогаш ќе ја преземат контролата врз Конгресот.

Трамп во интервју за „Њујорк пост“ ги критикуваше демократите во Конгресот кои се закануваат дека ќе го запрат судирот со Иран, за што врховниот командант на американските вооружени сили рече дека неговата „целосна победа“ би ја претвориле во „пораз“.

Трамп сепак изрази надеж дека демократите нема да доведат до, како што наведе, предвремено завршување на судирот на САД со Иран.

– Тие целосната победа ќе ја претворат во пораз. Мислам, ако го направат тоа, погледнете, нивната морнарица е уништена, нивното воздухопловство е уништено, нивната противвоздушна одбрана, сè е уништено. Нивните лидери се елиминирани. Мислам, ако демократите го направат тоа, едноставно победата ќе ја претворат во пораз – рече Трамп.

Тој наведе дека целите на САД во врска со Иран се разликуваат од целите на Израел, кој сака промена на иранските власти, како и дека тој е исклучиво заинтересиран за иранската нуклеарна програма.

– Само не сакам тие да имаат нуклеарно оружје. Никогаш не сум бил ниту за, ниту против промена на режимот, тоа за мене никогаш не било критериум – изјави Трамп

Ad
Ad