Connect with us

Вести

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица: За брзо време ќе имаме модерен влез во државата

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски вечерва беше во увид на рехабилитацијата на автопатот Гевгелија – ГП Богородица. 

Николоски изјави дека интензивно и во ноќни услови се асфалтира автопатот на Коридор 10, од Гевгелија до граничниот премин Богородица, дека градежните работи се одвиваат одлично и оти за многу брзо време ќе имаме модерен автопат на овој потег. 

– Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто го има државата. Ова е граничен премин на Коридорот 10 што нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија, во должина од околу пет километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата – рече вицепремиерот Николоски.

На овој начин, додаде тој, покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и насекаде инфраструктурата да биде во одлична состојба.

– Сакав во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние кои работат овде, да видам како се одвиваат активностите. Навистина, активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата – изјави вицепремиерот Николоски.

Ad
Ad