Connect with us

Општини

Општина Охрид со шест илјади денари ќе ги стипендира студентите од социјално ранливи семејства

Општина Охрид објави јавен повик за доделување еднократен образовен додаток од шест илјади денари за студенти од семејства со социјален ризик кои студираат надвор од Охрид, за академската 2026/2027 година.

Право на аплицирање имаат жители на Општина Охрид кои се редовни студенти на универзитети во земјава, оддалечени најмалку 60 километри од Охрид, не повторувале година и не користат стипендија или кредит од друга институција или компанија.

Дополнителен услов е студентите да исполнуваат најмалку еден од посебните критериуми: да потекнуваат од многудетно или еднородителско семејство, да се деца без родители, од семејства со примања до висината на минималната плата, од семејства во кои двајцата родители примаат минимална плата или користат парична помош, како и од семејства во кои член од прва линија има попреченост или ретка болест.

Предност ќе имаат студентите кои исполнуваат два или повеќе од посебните услови. Образовниот додаток се доделува еднократно за целата академска година, во нето-износ од шест илјади денари, и е неповратен.

Пријавите со потребната документација треба да се достават најдоцна до 4 декември 2026 година.

Ad
Ad