Connect with us

Филм

Индија побара „Нетфликс“ да не прикажува пакистанска серија во земјата

Владата на индискиот премиер Нарендра Моди побара од „Нетфликс“ да не прикажува пакистанска серија во Индија, откако тамошен синдикат на филмски работници испрати барање до премиерот за забрана на серијата.

Инаку, првиот дел од првата серија на „Нетфликс“ на урду јазик, насловена „Сета љубов што ја носат нашите срца“ (Jo Bachay Hain Sang Samait Lo), треба да биде објавена на 4 декември, во цел свет. Но, во писмо испратено до премиерот во вторникот, „Асоцијацијата на сите индиски филмски работници“ побара Индија да го блокира прикажувањето на серијата.

Во јуни 2025 година, „Нетфликс“ го извести индиското Министерство за информации и радиодифузија дека нема ставено на располагање филмови или серии од пакистанска продукција за своите претплатници во Индија, објавија индиските медиуми, повикувајќи се на извори од индиската Влада.

Надлежните во Индија сега побара од „Нетфликс“ да се придржува до тоа ветување, откако пристигнаа поплаки во врска со можното прикажување на новата серија во Индија. 

Ad
Ad